Ѓаволско трезнење од Салах и Фараоните за еден од големите фаворити на Мундијалот (Видео)

Египет ја победи Белгија непосредно пресд стартот на Мундијалот во Катар и им покажа на Црвените ѓаволи дека имаат доста слабости во период кога веќе нема многу време за корекции.

Фараоните предводени од Мохамед Салах победија со 2:1 на неутрален терен во Кувајт, а тоа што посебно треба да ги загрижи Белгијците кои се рангирани во топ-5 фаворити за светската круна се многуте грешки и ноншалатниот однос.

Прв погреши најдобриот играч на Белгијците, Кевин Де Бројне во 33. минута, а казни со гол Мостафа Мохамед и Египет поведе со 1:0.

Голот на Мохамед и кардиналната грешка на Де Бројне можете да ги погледнете ОВДЕ.

Само што почна второто полувреме, Мохамед Салах ја фати на спиење одбраната на Белгија и со фантастична асистенција му намести гол на Трезеге.

Селекторот на Ѓаволите, Роберто Мартинес направи дури шест измени на мечот, се обиде да ја размрда екипата, а Белгијците успеаа само да постигнат почесен гол во неуспешната Генералка за СП.

Луис Опенда беше стрелец за 1:2 во 76. минута. Белгија ќе игра во група со Хрватска, Мароко и Канада и е рангиранат меѓу главните фаворити за титулата во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести