Валенсија игра на вересија, газдата им е меѓу најбогатите луѓе во Сингапур

Петер Лим продолжува со катастрофалното раководење на Валенсија, еден од најпознатите шпански клубови, а играчите веќе спремаат бунт бидејќи немаат земено плата за јануари.

Најавено е дека ќе се активира IOU спогодбата, што е неформален документ кога некој има долгови, а во последно време во ерата на Петер Лим, Валенсија постојано е во финансиска криза за да се исплатат плати на играчите.

Лим е рангиран меѓу десетте најбогати луѓе во Сингапур, но под негова палка Валенсија стагнира и навивачите се незадоволни.

Имаше и протести против Лим и неговите луѓе во раководството на Валенсија, но кризата кај Лилјаците не е разрешена.

Со шест титули во Шпанија, Валенсија е петторангирана на вечната листа, зад Реал Мадрид со 34 шампионски круни, Барселона со 26, Атлетико Мадрид со 11 и Атлетик Билбао со 8.

Слична е ситуацијата и во шпанскиот куп, а овие четири екипи во поинаков распоред се пред Валенсија на петтото место со 8 пехари во популарниот Копа dел Реј.

 

- Оглас -

Најнови вести