Сопственикот на Арсенал за 4 месеци си набилда уште 300 милиони фунти, Топчиите ги остави со покуси ракави за 12,5 посто

Стен Кренке стигна до богатство од 10 милијарди евра откако во првиот квартал од 2020 година си набилда уште 350 милиони евра и во меѓувреме сепак им ги скрати платите на фудбалерите на Арсенал за 12,5 проценти.

Според студијата на водечката американска тинк-тенк организација Billionaire Bonanza, Кренке има одлични бизниси и во услови на корона-вирусот. Во периодот од први јануари до први април годинава тие му донеле дополнитено богатство од 350 милиони евра, но сепак играчите на Арсенал мораа да се откажат од дел од своите плати.

Американскиот мултимилијардер е сопственик на клубот од Лондон и еден од најбогатите луѓе на светот. Сепак, Кронке не беше толку немилосрден и објави дека останатите вработени во клубот ќе добиваат иста плата како што имаа и досега, а за тоа ќе се користат тие 12,5 проценти кратење од платата на играчите и стручниот штаб.

Се проценува дека досега Арсенал загуби околу 150 милиони евра поради панедемијата со ковид-19 и двомесечниот период во кој не се игра фудбал во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести