Газдата на Челзи со „бисер“: Олстар-натпревар во Англија вреден 200 милиони долари

Тод Боели веќе неколку месеци е газда на Челзи откако го откупи тимот од Роман Абрамович за четири милијарди евра.

Американецот докажа дека има сериозни намери со тимот од Лондон бидејќи летово потроши над 270 милиони евра за играчи, но и му даде отказ на Томас Тухел по серијата слаби резултати и му даде шанса на Грахам Потер.

Боели сега има нова идеја, а таа гласи Олстар-меч во Англија, којшто би вредел 200 милиони фунти.

„На крајот на краиштата, се надевам дека Премиер лигата ќе учи од американските тимови и дека ќе почне да размислува организирање на турнир составен од четирите последни екипи, но и Олстар-натпревар.

Во МЛБ-лигата се одигра првиот Олстар-меч, каде што се заработи над 200 милиони долари, не знам зошто и тоа не се направи во Англија, да се игра, на пример, меч север против југ“, изјави Боели.

- Оглас -

Најнови вести