16.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Газдата на клубот имаше мерак да заигра, па постави рекорд за најстар фудбалер во Романија

Аурелијан Гиша, сопственик на романскиот клуб Санататеа Клуж, влезе во фудбалската историја како најстариот играч што играл на официјален натпревар во Романија. Гиша сам одлучи да влезе во игра на куп дуелот против неговиот Санататеа Клуж и Универзитатеа Крајова.

Очекувано Универзитатеа Крајова имаше убедливо водство на гостувањето (4:1), кога сопственикот на Санататеа Клуж реши да биде во центарот на вниманието и влезе во игра.

Тоа се случи во 89 минута кога 61-годишниот Гиша побара измена и ја доби, за да може да истрча на теренот и да постави нов рекорд за најстар фудбалер во историјата на романскиот фудбал.

Гиша во минатото бил фудбалер. Настапувал токму за тимот на Санататеа Клуж, а пред 16 години ја завршил кариерата. Сепак, сега реши повторно да ги облече копачките и да се најде на теренот за да испише историја.

- Оглас -

Најнови вести