Сопственикот на „Луј Витон“ ќе го купи Милан

Милано е светски познат град на модата, а во скоро време може да се случи и фудбалскиот клуб Милан да добие шарм од еден од најпознатите модни брендови, „Луј Витон“. Според пишувањата во италијанските медиуми, сопственикот на „Луј Витон“, Бернард Арно, е заинтересиран да го купи Милан.

Еден од најбогатите луѓе во светот е подготвен да понуди една милијарда евра за да ја преземе контролата на некогашниот италијански и европски гигант. Росонерите веќе неколку години имаат финансиски проблеми, а моментно е во сопственост на „Елиот менаџмент“.

Тие веќе одбија две понуди за продажба, првата била 600 милиони евра, а втората за 750 милиони евра. Според најавите, францускиот богаташ Арно е подготвен да плати милијарда евра за да го купи Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести