Рубен Аморим нема да биде отпуштен од Манчестер Јунајтед. Ова го потврди еден од сопствениците на клубот, Сер Џим Ратклиф. Без оглед на лошите резултати, португалскиот тренер ќе остане на чело на екипата.
Интересно е дека Аморим минатата сезона беше дочекан како спасител на клубот, но и по неговото преземање на кормилото, екипата реди разочарувачки резултати. И покрај ова, газдата на тимот од „Театар на соништата“ нема намера да го менува тренерот. Тој го стави ова јасно до знаење во разговор за „Бизнис подкаст“.
„Дали ќе го отпуштам Аморим ако Глејзерс ме замолат? Тоа нема да се случи“, рече Сер Џим Ратклиф, пред да потврди дека Португалецот ќе има три години да се докаже.
„Аморим ќе ја докаже својата вредност за три години во Манчестер Јунајтед. Сакам да го покаже тоа за три години.“
Тој рече дека клуб како Јунајтед нема да биде воден од печатот и улицата.
„Не можете да водите клуб како Јунајтед врз основа на „моронските“ реакции на јавноста кои се менуваат од ден на ден. Аморим не ја има најдобрата сезона досега, но Рубен мора да докаже дека е врвен тренер за три години. Да, три години бидејќи работите не можат да се решат преку ноќ. Мораме да бидеме трпеливи и да гледаме долгорочно“, рече Ратклиф.
Аморим пристигна на „Олд Трафорд“ во ноември минатата година. Сепак, тимот изгледаше исклучително слаб и покрај тоа што играше во финалето на Лигата на Европа каде што беа поразени од Тотенхем. Португалецот ги предводеше „Црвените ѓаволи“ во 50 натпревари. Тој има резултат од 20 победи, девет нерешени и 21 пораз.