Газдата на Наполи е скандал-мајстор: Де Лаурентис прекина интервју на негов играч, па го турна камерманот (Видео)

Сопственикот и претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, дополнително ја подгреа атмосферата пред вечерашниот (21 часот) реванш-натпревар од осминафиналето во ЛШ против Барселона, влегувајќи во конфликт со италијанските медиуми.

Де Лаурентис, кој е во војна со италијанските медиуми, на синоќешниот тренинг на Наполи на стадионот „Монжуик“ во Барселона, во моментите кога капитенот Матео Политано даваше изјава за медиумите, луто втрча на теренот и го одвлече фудбалерот велејќи му дека нема дозвола да дава изјави и да зборува за Скај Италија.

 

https://twitter.com/i/status/1767350170323124622

 

Потоа Де Лаурентис влезе во расправија со членовите на екипата на Скај Италија и притоа го оттурна камерманот, кој едвај успеа да се задржи на нозе и да не падне на теренот.

 

Контроверзниот сопственик на Наполи на своите фудбалери им наредил да даваат изјави само на новинарите кои навиваат за Наполи и за локалните медиуми во Неапол.

Тој исто така ги забрани и прес-конференциите за медиумите, освен тие што се задолжителни во Лигата на шампионите, а на сила е и забраната за давање изјави за телевизијата ДАЗН, која ги има ТВ-правата за прес на сите натпревари во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести