Газдата на Наполи го договорил новиот тренер за време на тениски меч

Сагата со тренерите во Серија А добива нов пресврт. Доколку Антонио Конте реши да го напушти Наполи и да седне на клупата на Јувентус, негов наследник најверојатно ќе биде Масимилијано Алегри.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Алегри веќе имал првичен разговор со претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, и тоа за време на тенискиот турнир во Рим, каде што двајцата биле во ВИП ложата. Тема на средбата била можната соработка меѓу двете страни.

Алегри, кој не толку одамна беше отпуштен од Јувентус, би можело релативно брзо да се врати на тренерската сцена, а Наполи изгледа како логичен чекор напред во таа насока.

Следува интересен преоден рок во Италија не само за играчите туку и за тренерите.

- Оглас -

Најнови вести