Газдата на Наполи потврди: Го продадовме Елмас затоа што сака цело време да игра

Веќе нема никакви дилеми откако и газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис, потврди дека Елиф Елмас си заминува од италијанскиот првак. Германскиот бундеслигаш Лајпциг ќе биде новиот клуб на Елмас, а Наполи за овој трансфер ќе заработи 25 милиони евра, што секако е одлична сума за Де Лаурентис.

„Да, го продадовме Елмас. Тој е фудбалер кој сака цело време да игра. Мислам дека Елмас не успеа да сфати дека тој е стартер за тимот дури и кога не игра 90 минути. По неговото заминување, во следниот преоден рок ќе мора да донесеме едно или две засилувања во средниот ред“, рече Де Ларуентис.

Елмас до крајот на овој месец треба да ги помине лекарските прегледи во Лајпциг, а веќе од 1 јануари и официјално ќе може да биде промовиран во нов фудбалер на германскиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести