Газдата на Наполи призна дека е виновен и се извини на навивачите

По повеќе од 30 години чекање, наввачите на Наполи оваа година се радуваа на титулата во Серија А. Тимотод југот на Италија го освои скудетото и тоа на доминантен начин, дури делуваше дека има тим кој може да доминира подолг период.

Сепак, само што почна новата сезона, се виде дека Наполи е само бледа сенка од шампионскиот тим. Газдата на Наполи Аурелио Де Лаурентис се скара со тренерот Лучано Спалети кој реши да си замине и сега е селектор на Италија. На местото на Спалети дојде Руди Гарсија, кој воопшто не се снајде и го „измеша“ целиот состав.

Гарсија остана кратко, а потоа дојде Валтер Мацари кој истотака не може да ја најде вистинската формула за победнички ритам. Ниту кај Гарсија, ниту кај Мацари во визијата за состав го немаше Елиф Елмас, па нашиот репрезентативец реши да си замине од Наполи и потпиша за Лајпциг во Германија.

По сите овие потреси во Наполи, со реакција се јави претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, кој призна дека тој е виновен за лошите резултати во оваа сезона.

„Се надевам дека 2024 година ќе ни донесе пред сѐ многу здравје, а потоа и да ги исполниме нашите соништа. Сакам да кажам дека јас сум одговорен и цела вина за лошите резултати во оваа сезона е моја. Морам да се извинам на сите Наполитанци, поради нашето место на табелата. Меѓутоа, сезоната е долга, ќе бидеме активни во трансфер периодот и ќе се обидеме да ја поправиме ситуацијата на табелата“, рече Де Ларуентис.

Наполи моментално е на осмото место на табелата со 28 бодови, дури 7 помалку од лидерот Интер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести