18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Газдата на Наполи со закана: Отворајте ги стадионите инаку ќе ве тужам

Газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис, упати закана до Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) дека ќе испрати тужба доколку во брзо време не се дозволи отворање на трибините и враќање на навивачите на стадионите. На последниот состанок на ФИГЦ, Де Лаурентис со дерење ги навредувал луѓето кои работат во ФИГЦ.

Претседатлот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, реагирал и побарал клубовите во Серија А да се прилагодат на принципите по кои се води Националниот италијански комитет КОНИ и Федералкалчо.

„Зошто би ми биле важни мерките, ако не ги отвориме стадионите? Нема да го започнам првенството и сите ќе ве тужам“, беше пораката на Де Лаурентис.

 

- Оглас -

Најнови вести