10.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Газдата на Наполи: Стадионот „Диего Армандо Марадона“ е депонија!

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го нарече домашниот стадион на клубот во Неапол „депонија“, тврдејќи дека е потребен модерен стадион за да ги зголеми приходите и да може навивачите да уживаат во многу помодерни трибини. Наполи ја освои својата втора титула во Серија А за три години минатата сезона по тесна битка со Интер. Тие ги играат своите домашни натпревари на стадионот „Диего Армандо Марадона“, именуван по Аргентинецот кој ги предводеше до две титули во лигата во 1987 и 1990 година, кој е во сопственост на градскиот совет.

Зборувајќи на настан организиран од Универзитетот Бокони во Милано, Де Лаурентис ги спореди приходите на Наполи од натпреварите со оние на клубовите во Милано, велејќи дека Милан и Интер би можеле да заработат 14 милиони евра од Лигата на шампионите, додека неговиот тим има многу поограничен капацитет.

„Можеме да добиеме само до три милиони од таа депонија на Марадона. Тоа е голема разлика, нели?“, остар во коментарот бепе Де Лаурентис.

Италија се бори да ги подобри своите стадиони, под притисок на странски инвеститори кои купиле голем број клубови, пред ЕУРО 2032, кое ќе го коорганизира со Турција.

Оваа недела, Милан и Интер го завршија преземањето на стадионот „Сан Сиро“ и околното земјиште од градските власти, што е уште еден чекор кон рушење на стадионот и изградба на нов. Во текот на летото, Де Лаурентис го засили тимот со познати играчи, вклучувајќи го и белгискиот играч од средниот ред Кевин Де Брујне, но тој рече дека ваквите инвестиции е тешко да се одржат без зголемени приходи од стадионот.

„Би сакал стадион со 70.000 седишта, 120 ложи и 8.000 паркинг места“, рече Де Лаурентис, додавајќи дека обновата на Марадона – опкружен со атлетска патека – ќе трае шест години, затворајќи делови од трибините и дополнително ограничувајќи ги приходите. „Ни требаат 30 хектари за да изградиме прекрасен стадион“, заклучи Де Лаурентис.

- Оглас -

Најнови вести