Газдата на Њукасл планирал да го купи Интер или Милан, но се соочил со голем проблем

Од пред неколку недели англискиот премиерлигаш Њукасл e најбогатиот клуб во светот, односно во сопственост на Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија, кој освои 305 милиони фунти за да го добие управувањето со клубот.

И покрај доаѓањето на новите газди, Њукасл сезонава игра очајно и е единствен тим во Премиер лигата што се нема израдувано на ниту една победа. По 11 кола, Њукасл има само пет бодови и е на делба на дното со Норвич. Еди Хау е новиот тренер на Њукасл кој треба да го спаси тимот од испаѓање во Премиер лигата.

Пред да биде купен Њукасл, арапските газди имале план да го купат еден од двата милански гиганти, Милан или Интер.

„Бевме во контакт и со Милан и со Интер, но проблем беше структурата во Серија А. Таа лига е целосно во хаос. Кратко време размислувавме и за тоа да го купиме Бордо, но се откажавме од таа идеја“, откри Аманда Ставели, косопственичката на Њукасл.

 

- Оглас -

Најнови вести