Газдата на Панатинаикос не го заборава Жељко Обрадовиќ, еве какво пиво пие (Фото)

Сопственикот и претседател на грчкиот кошаркарски гигант, Димитрис Јанакопулос, денеска на социјалните мрежи објави фотографија со која ги воодушеви кошаркарските фанови и покажа колку го респектира актуелниот тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ.

Јанакопулос на „Инстаграм“ објави фотографија со која се пофали дека пие пиво „Ж
оц“, кое потекнува од Чачак, Србија, и го носи името по најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата.

Обрадовиќ како тренер на Панатинаикос освои пет титули во Евролигата, 11 пати триумфира во грчкиот шампионат и освои седум трофеи во Купот на Грција.

 

- Оглас -

Најнови вести