Панатинаикос тоне во длабока криза. Некогашниот европски шампион веќе запиша неколку неочекувани порази во Евролигата, но вистинскиот удар дојде денес во грчкото првенство со болен и сензационален пораз на гостувањето кај Арис во Солун.
Реакцијата на сопственикот Димитрис Јанакопулос беше жестока. Преку видео објава на Инстаграм тој јавно го искажа револтот и најави радикални промени во клубот.
„Тренери, стручен штаб, сите вие… воопшто знаете ли каде сте? Ова е Панатинаикос! Очекувам кога ќе се вратите во Атина да покажете карактер и да поднесете оставки, заедно со сите кошаркари. Ова е срамота“, порача Јанакопулос.

