Реал Мадрид го исфрли Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите откако славеше со 3:1 на „Сантијаго Бернабеу“ и на тој начин ја анулираше негативата од еден гол по првиот меч во Мадрид.
Шпанските медиуми пишуваат дека елиминацијата од ЛШ многу тешко ја поднел газдата на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи. Шпекулациите велат дека Ал-Келаифи по мечот тргнал да го бара судијата Дани Макели, но наместо во просторијата за судиите, влегол во канцеларијата на реаловиот делегат Меги Давил.
PSG were left fuming after Real Madrid’s win at the Bernabeu, with security having to intervene when president Nasser Al-Khelaifi and sporting director Leonardo went looking for the referee to complain about his performance, sources have told @alexkirkland. pic.twitter.com/UhNt7f6wYH
— ESPN FC (@ESPNFC) March 10, 2022
Еден од вработените во Реал, го снимил целиот инцидент, а Ал-Келаифи кога видел што се случува, наводно му рекол: „Избриши го тоа, ќе те убијам“. Потоа се вмешале и телохранителите на газдата на ПСЖ, а се појавила и полицијата.