19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Газдата на ПСЖ сака да ја купи Рома

Катарскиот инвестициски фонд со кој раководи сопственикот на Пари Сен Жермен наскоро би можело да ја купи и Рома, пишуваат француските и италијанските медиуми. Сите тврдат дека интересот постои, но според Италијанците, актуелниот претседател Џејмс Палота веќе одбил понуда од 400 милиони евра, колку што понудил Насер Ал-Келаифи.

Во секој случај, оваа најава сигурно ќе привлече внимание и кај УЕФА, бидејќи Европската фудбалска федерација не дозволува два клуба да бидат во сопственост на една иста компанија.

За да се изиграат прописите, не се исклучува варијантата „римската волчица“ да биде купена од друга фирма која е блиска на споменатиот фонд на чие чело е катарскиот бизнисмен. Досега Келаифи успешно наоѓаше решенија во проблемите со УЕФА околу финансискиот фер-плеј, па веројатно и овојпат може да најде начин како да дојде до целта без да биде казнет.

- Оглас -

Најнови вести