Килијан Мбапе присуствуваше на церемонијата за доделување на Златната топка.
Играчот на ПСЖ го гледаше својот клупски колега Лео Меси како по седми пат ја освојува најпрестижната индивидуална фудбалска награда.
На Мбапе му истекува договорот налето, а голема е веројатноста дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Сепак, газдата на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, е убеден дека младиот играч нема да го промени тимот и дека за брзо време ќе ја освои Златната топка.
„Меси е наш играч, но, да бидеме реални, тој ја освои Златната топка играјќи за Барселона и Аргентина.
Јас сум уверен дека Килијан Мбапе ќе успее за брзо време да ја освои оваа награда, и тоа како играч на ПСЖ.
Килијан е фантастичен човек, млад и квалитетен играч и знае што треба да направи“, изјави Ал-Келаифи.