Газдата на ПСЖ: Уште 1.000 пати да играме, нема да загубиме пак

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, не го криеше разочарувањето по елиминацијата на францускиот првак од Лигата на шампионите. Малку кој веруваше дека ПСЖ по победата од 2-0 во Манчестер ќе може да ја прокоцка таа предност на свој терен, но тоа се случи. Манчестер јунајтед победи со 3-1 на „Паркот на принцовите“ и ќе игра во четврт-финалето од ЛШ.

„Нормално дека сум разочаран од резултатот. Започнавме добро во овој осминафинален двобој, а на крајот загубивме со 3-1. Сакавме да победиме и во реваншот, но примивме три гола. Имавме 72 отсто посед на топката, но на крајот го направивме тој пенал. Не можам да разберам. Сите сме разочарани, но тоа е фудбалот. Ова не е математика, каде што 1+1=2. Во фудбалот постојано треба да се работи и да се анализира. Ако го повториме овој меч уште 1.000 пати, нема да загубиме“, вели милијардерот Ал-Келаифи, кој сепак ќе мора да почека до следната сезона за евентуален успех во ЛШ.

На неверувањето на Ал-Келаифи како Манчестер успеал да победи, објаснување му даде Оле Гунар Солскјер. Прочитајте Тука.

Првиот човек на ПСЖ не сакаше да ја посочи вината за елиминацијата кон тренерот Томас Тухел.

„Уште му верувам на тренерот Тухел. Ќе видиме какво е неговото мислење. Треба да се размисли и да се одлучи со ладни глави“, додаде Ал-Келаифи.

Додека во ПСЖ ги „ладат“ главите, Погба, Лингард и Марсијал, кои не играа за Манчестер во Париз, покажаа со видео клипови, како ја слават победата на својот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести