Газдата на Сити купува уште еден гигант

Богатите арапски сопственици на Манчестер сити можно е во скоро време да купат уште еден голем клуб во Европа. Се работи за белгискиот гигант Андерлехт.

Сопственикот на Андерлехт, Марк Кук е подготвен да го продаде клубот, а веднаш како прв и најсериозен кандидат се споменува шеикот Мансур бин Зајед, кој е прв човек на англискот првак. Групацијата ЦФГ во свое сопствеништво освен Манчестер сити ги имаат и Њујорк Сити и Мелбурн Сити.

Како доминантен сопственик, оваа групација поседува и 44,3 отсто од акциите во Жирона, како и поголем дел од акциите во јапонскиот клуб Јокохама.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести