Контроверзниот романски бизнисмен и газда на фудбалскиот клуб ФЦСБ (Стеауа), Џиџи Бекали, смета дека неговиот тим не само што ќе ја елиминира Шкендија во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, туку без проблем ќе го мине и третото.
Доколку ја победи Шкендија, шампионот на Романија ќе се соочи со победникот од дуелот Шелбурн (Република Ирска) – Карабах (Азербејџан), а во изјава за романски „Фанатик“, Бекали рече дека веќе може да се смета дека ќе играат бараж за влез во ЛШ и за противник го очекува Карабах.
„Многу е добра ждрепката, веќе ги елиминирав. Ако не го елиминирате Карабах, зошто да се фалите дека сакате Лига на шампиони? Тие не се наше ниво. Изгубија играчи, немаат ритам, лигата им почнува во август, ќе ги уништиме. Добро е што првиот натпревар го играме дома, ќе ги победиме со 2-0, 3-0. Потоа во плејофот ќе биде потешко “, рече Џиџи Бекали.
Фото: Антена спорт