Поради катастрофалниот старт на сезоната во Евролигата и четирите порази по ред, францускиот тим Асвел остана без тренер.
Интересно е што сопственикот на тимот, Тони Паркер, всушност му врачи отказ на сопствениот брат, Ти Џеј Паркер. Асвен во Евролигата загуби од Црвена звезда, Партизан, Анадолу Ефес и Фенербахче во првите четири кола, додека во францускиот шампионат, има скор од четири победи и три порази.
„Бидејќи стартот на сезоната е под очекувањата управата на клубот донесе одлука да се раздели со тренерот Ти Џеј Паркер. Неговата функција привремено ќе ја извршуваат Жан Кристоф Прат и Пјерик Пупе“, стои во соопштението на Асвел.