Газдите на Манчестер сити си купија уште еден клуб, за овој платија многу пари

Сопственикот на Манчестер сити, конгломератот „Сити фудбал груп“, во своето портфолио додаде и 13-ти клуб, а тоа е бразилскиот Баија.

Арапите ќе поседуваат 90 отсто од акциите на Баија. Според шпекулациите, Баија е купен за 158 милиони фунти и со тоа тие станаа втор најскап клуб во „братството“, по Манчестер сити.

Освен Сити и Баија, „Сити фудбал груп“ ги контролира и Њујорк сити, Мелбурн сити, Жирона, Јокохама Маринос, Монтевидео сити, Сичуан, Ломел, Мумбаи сити, Троа, Палермо и Боливар.

- Оглас -

Најнови вести