Кога актуелниот сопственик Роман Абрамович ќе добие дозвола за продажба на Челзи, ќе има слатки маки да одбере некоја од повеќето понуди (ги имаше околу 200, но многу беа несериозни).
Најнови на листата на заинтересирани купувачи се бизнисмен од африканската држава Гана и познато американско семејство во соработка со милијардер исто така од САД.
Понудите за купување на Челзи мора да се испратат официјално до задутре, петок.
Семејството Рикетс, кое го поседува славниот бејзбол клуб Чикаго кабс, заедно со богаташот Кен Грифин сакаат да станат газди и на лондонските Сини. Тие в петок ќе испратат понуда и ќе бидат меѓу трите топ-фаворити.
Сметките на Американците ќе проба да им ги помрси милијардерот од Гана, Бернард Антви Боасијако, кој ќе учествува со своја понуда. Боасијако смета дека Челзи е тесно врзан со Африка поради Дидие Дрогба и Микаел Есиен и вети дека никој во клубот нема да добие отказ, а прва задача ќе му биде да направи попусти за деца на „Стемфорд бриџ“.