Газета: Роналдо и Јувентус раскинаа, ама уште живеат заедно

Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус по завршувањето на сезонава. Тој после елиминацијата од Порто во Лигата на шампионите, решил да ја напушти Старата дама, но ќе почека крај на сезонава, па потоа јавно да го обелодени заминувањето. Ова го тврди весникот „Газета дело спорт“.

Поругалскиот ас веќе го исконтактирал неговиот агент Жорже Мендеш и побарал од него да му најде клуб за следната сезона. Се шпекулира дека најголем интерес за Роналдо има од Манчестер јунајтед и ПСЖ. Договорот на 36-годиниот Роналдо со Јуве е до 2022 година, но откако го нападнаа дека е виновен за поразот од Порто кога не стоеше како што треба во живиот ѕид, тој се налутил од критиките и веќе не е истиот.

Роналдо на последните три меча во Серија А нема дадено гол. Најголем проблем во наоѓањето нов клуб е што има огромна плата. Ретко кој може да си дозволи да му понуди 31 милион евра годишно колку што зема во Јувентус. Ако ја напушти Италија, ќе треба да плаќа и огромни даноци за парите од спонзорските договори, нешто што сега не е проблем, бидејќи во Италија има повластен статус и плаќа „само“ 100.000 евра данок, без разлика колкави му се приходите, а тие се со десетици милиони.

- Оглас -

Најнови вести