Денеска има турско дерби и е со македонски шарм, ремито е реална опција

1952 Газијантеп – Адана Демирспор (Суперлига, Турција, 19 часот)

Ова е интересен меч за нас, со вкупно тројца перспективни македонски фудбалери во двата тима.

Лука Станковски е член на Газијантеп и голема перспектива на нашиот фудбал, а на спротивната страна, во Адана Демирспор клупски колеги се Јован Манев и Арда Куртулан, а од сите тројца млади играчи Македонија очекува многу.

Сите тројца имаат мала минутажа, па очекуваат да играат многу повеќе во продолжение на првенството.

Адана има одличен старт на сезоната и со 17 бода по 8 кола е на делба на првата позиција со уште три тима.

Газијантеп со серија од 4 меча без победа го расипа добриот почеток и сега е на 10-та позиција.

Домаќинот во пријателски меч во јули славеше против Адана со 2:0 и прекина серија од 4 порази против денешниот ривал.

На шест меѓусебни дуели по ред немало реми, па можеби е време за нерешен резултат.

Предлог тип: Х (3.50)

 

1801 Хофенхајм – Вердер (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

Хофенхајм нема пораз од Вердер на последните четири меѓусебни дуели, а и денеска е фаворит иако сега ситуацијата е малку поинаква.

Четирикратниот германски првак од Бремен играше лошо неколку сезони пред да испадне, но се врати во Бунделсигата и игра добро.

Го имаат најдобриот стрелец во првенството досега, а Никлас Фулкруг е хит во Бундеслигата како лидер со 7 гола.

Се очекуваат подобри изданија од Марвин Дукш, кој заедно со Фулкруг ланската сезона комбинираше дури 40 гола од вкупно 65 што ги постигна Вердер за камбек во Бундеслигата.

Хофенхајм ги има топ-стрелците Крамариќ, Дабур, Баумгартнер… па очекуваме голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.68)

 

3011 Џенова – Калјари (Серија , Италија, 20.30 часот)

Ова е дерби во Серија Б со шарм од Првата лига на Италија. И двете екипи лани испаднаа од највисокиот ранг на натпревари на Чизмата и ќе се обидат експресно да се вратат назад само по една сезона.

По 7 кола на Џенова ѝ оди подобро, а најстариот фудбалски клуб во Италија е на четвртото место со 14 бода.

Ниту Калјари не е далеку, заостанува за четири бода, но моментно е надвор од плејоф-зоната.

Домаќините се во подобра форма, имаат две победи по ред и се во подбра форма од ривалот од Сардинија, кој има два порази по ред.

Се очекува тврд натпревар, можно е да има малку голови, но ние ќе типуваме дека Џенова ќе победи.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

1301 Осасуна – Валенсија (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Осасуна е осоколена по ремито во Мадрид против Реал и со поддршка од публиката очекуваат победа против Валенсија.

Лилјаците не се ниту сенка од шпанскиот гигант, кој е во Топ-5 на вечната листа на најтрофејни екипи со шест шампионски круни.

Валенсија постојано продава фудбалери и е во криза, иако го има Петер Лим за сопственик како еден од најбогатите луѓе во Азија.

Чудната ситуација влијае на атмосферата во клубот и иако и сега Валенсија има квалитетен тим со репрезентативци на неколку земји, не игра добро.

Моментно се деветти на табелата со 10 бода, а Осасуна има 3 бода повеќе на шестото место.

Двете екипи постојано си даваа голови на последните меѓусебни дуели, па ГГ ќе биде нашиот избор и за мечот денеска на „Ел Садар“ во Памплона.

Предлог тип: ГГ (1.86)

 

1606 Лион – Тулуз (Лига 1, Франција, 21 часот)

Лион е во катастрофална форма со четири порази по ред, па стартната најава со четири победи и едно реми што најавуваше битка за титулата пропадна многу брзо.

Седумкратниот шампион на Франција ги освои сите свои титули во овој милениум, но во последно време и нема многу успеси.

Последната титула Лавовите од „Жерлан“ ја освоија во 2008 година, а во меѓувреме ПСЖ ги претрка со 8 шампионски круни што ги освои во овој век.

Лион има добар тим, особено квалитетни напаѓачи, но очигледно не е калибар за да им се спротивстави на ПСЖ, Марсеј, Монако, па и Рен и Ленс, кои се пред нив на табелата.

Тулуз има цел да обезбеди опстанок во Лига 1 и засега по девет кола, не му оди лошо.

Со 11 бода е на 12-тото место, но денеска типуваме дека ќе загуби од Лион на меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 1&3+ (2.25) Супер тип на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести