Познати се составите на Еурофарм Пелистер и германскиот Кил за вечерашната пресметка од ракометната Лига на шампиони во Битола.
Домашниот стратег Александар Јовиќ се реши да отпаднат пивотот Нилсен, голманот Кизиќ, како и бековите Стевановиќ и Ѓорговски.
Од друга страна, се враќаат Радивојевиќ, Гедбан, Павле Атанасијевиќ, Сери и Васиљев, кои не настапија во минатото коло против Алборг.