22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Ѓекереш: „Арсенал е вистинскиот клуб за мене, уживам да постигнувам голови“

Виктор Ѓекереш во дресот на Спортинг Лисабон постигна 97 гола на 103 натпревари, а сега ќе има можност за првпат да тресе мрежи и во Премиер лигата, иако во својата кариера има настапувано и за Брајтон, Свонси и Ковентри.

Шведскиот репрезентативец се обврза на петгодишна верност на Арсенал, а „топчиите“ ќе му платат на Спортинг 65 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси.

„Токму тука, во Англија, започна пред многу години. Сега сакам да се докажам и да му помогнам на тимот. Сакам да бидам дела од овој клуб, да давам голови пред навивачите. Со нетрпение го чекам тоа. Ќе биде неверојатно чувство. Почувствував дека ова е вистинскиот клуб за мене. Кога играв против нив минатата сезона, почувствував колку се силни. Една од причините беше и историјата на клубот и големиот број на навивачи. Неверојатно е кога ќе видам каква поддршка добив од нив уште пред и официјално да пристигнам во клубот.“ – рече Ѓекереш на презентацијата.

Виктор Ѓекереш во Арсенал ќе го носи дресот со број 14, кој во минатото му припаѓаше на легендарниот француски напашач, Тјери Анри.

- Оглас -

Најнови вести