Гем, сет, меч: жените загубија од Австрија со тениски резултат

Женската фудбалска репрезентација на Македонија, претрпе пораз од 0-6 дома од Австрија, во второто коло од квалификациите за Светско првенство, па бидејќи во првото коло загубија од Англија со 0-8, избраничките на Кирил Изов сега имаат негативна гол-разлика од 0-14, која во моментов е најлоша во сите квалификациски групи во Европа.

Австријките во двете полувремиња дадоа по три гола и покажаа дека се поквалитетен тим. Да биде малерот поголем, некои од нашите репрезентативки го напуштија теренот поради повреда. Дуелите со Луксембург и Летонија ќе бидат шанса за Македонија да направи позитивен резултат.

- Оглас -

Најнови вести