Генералниот секретар на Интернационалната кошаркарска федерација ФИБА, Андреас Заглис, и неговиот колега од секторот задолжен за националните федерации, Михал Конечни, денес остварија работна посета во канцелариите на Кошаркарската федерација на Македонија.
Заглис се сретна со претседателот на КФМ, Перо Антиќ, генералниот секретар Владимир Георгиевски и со спортскиот директор Марјан Србиноски.
„Генералниот секретар на ФИБА ја поздрави успешната организација на КФМ на двете најголеми континентални младински првенства за ова лето. Се разговараше и за претстојните настани на националните А-селекции, како и за новите проекти на КФМ“, соопштија од Федерацијата.
Заглис го посети и кошаркарскиот дом, салата СРЦ Кале.