Анхел Монторо со фантастичен гол во 90-та минута, донесе бод за Гранада на гостувањето кај Осасуна, и го спречи тимот од Памплона барем до утре да биде на делба на првото место во шпанската лига заедно со Реал Сосиедад.
Осасуна поведе, но во последните 15 минути играше со човек помалку. Го одржуваа водството, но им падна концентрацијата и примија гол со шут од 36 метри. Голот оди на душа на голманот Ерера кој беше излезен напред и дозволи да биде лобуван: