Мароко има одлична ултрас-сцена, навивачите на неколку клубови од оваа земја се исклучително верни, оригинални со идеите, а ги има и во огромен број на натпреварите.
Меѓу водечките се навивачите на Видад Казабланка, а сцените од нивното навивање на дерби-мечевите со големиот ривал Ража Казабланка станаа митски. И ривалот има извонредни симпатизери, но овојпат во фокусот беа тие на Видад.
Направија кореографија во 3Д со потсетување на голот што им беше поништен во ланското финале во Лигата на шампионите на Африка.
Идејата и изведбата се ремек-дела, а како потсетување, лани Мароканците одбија да го играат реваншот со Есперанс де Тунис откако на првиот меч што заврши им беше поништен чист гол.
Потоа настана вистински хаос, па Африканската фудбалска конфедереција нареди да се игра реванш на неутрален терен, но Судот за спортска арбитража ја поништи таа одлука, по што шампионот на Тунис ја освои титулата.