Генијално: Солскјер е Фродо, Пеп е Арагон, Клоп е Гандалф, a Жозе е Леголас во најавата за ПЛ (видео)

Со сцена од култната трилогија „Господарот на прстeните“ норвешкиот спортски канал „ТВ 2 спортен“ го најави рестартирањето на сезоната во Премиер лигата. Во генијалната монтажа главните улоги ги зазедоа тренерите на „Големата шестка“ и најстариот Рој Хоџсон.

Јирген Клоп е волшебникот Гандалф Белиот, Пеп Гвардиола е витезот Арагон, Жозе Мурињо е Леголас, Хоџсон е џуџето Гимли, Оле Гунар Солскјер е Фродо Багинс, додека Артета и Лампард се Пеп и Мери, хобитите придружници на Фродо.

Натпреварувањето во англискиот шампионат вчера се врати на програмата со дуелите Астон вила – Шефилд јунајтед (0-0) и Манчестер сити – Арсенал (3-0), а веќе од утре почнува редовното 30-то коло во кое ќе се играат две дербија меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед, односно Евертон и Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести