Актуелниот англиски првак Ливерпул, го претрпе третиот пораз по ред во Премиерлигата, а денеска од Лестер загубија со 1-3 благодарение на катастрофалните реакции во одбраната.
Црвените играа добро и поведоа со 1-0 со мајсторската акција во 67-ма минута, која со гол ја круниса Салах по фантастична асистенција на Фирмино.
https://twitter.com/i/status/1360588652414455820
Но, во 79-та минута Медисон даде гол од слободен удар (сомнителниот гол беше признат од ВАР, откако судијата досуди пенал кој ВАР го преиначи во слободен удар) кој внесе несигурност кај гостите. Неколку минути подоцна голманот Алисон направи очајна грешка и му подари гол на Варди (негов прв гол во 2021 година), а во 85-та минута Барнс ја запечати судбината на тимот на тренерот Јирген Клоп.
Клоп по 300-ти пат го водеше Ливерпул и првпат загуби од колега кој е поранешен тренер на Црвените. Лестер дома имаше три порази по ред против Ливерпул и сега наплати за тоа.
Ова е грешката на бразилскиот репрезентативен голман Алисон, и вториот гол на Лисиците:
Alisson with ANOTHER absolute howler, along with new signing Kabak.
Liverpool are a complete disaster defensively. #LEILIV https://t.co/U6zPrpKh6k
— LDN (@LDNFootbalI) February 13, 2021