Генк е новиот белгиски шампион!

Генк ремизираше 1-1 на гостувањето кај Андерлехт, но и тоа му беше доволно за освојување на својата четврта шампионска титула во Белгија, прва по 2011 година. Генк својата прва титула ја освои точно пред 20 години (на 16 мај 1999), а во 2011, кога се радуваа на третата, членови на овој клуб беа сегашните ѕвезди Тибо Куртоа и Кевин де Бројне.

На едно коло до крајот на првенството, Генк има четири бода предност во однос на Клуб Бриж, кој вечерва загуби од Стандард Лиеж со 0-2, иако екипата од Лиеж 60 минути играше со десетмина играчи.

 

- Оглас -

Најнови вести