17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Генк има 11 победи по ред дома против овој ривал, Атлетико ќе го „растури“ фенерџијата

1301 Атлетико Мадрид – Леванте (19 ч.)

Атлетико со години важи за тим кој игра многу цврсто, но во последните три кола во Примера се случува нешто чудно, па резултатите им се (победа 4:3, пораз 4:2 и победа 3:2).

Леванте е убедливо најслабиот тим во лигата и има очајна одбрана. Тимот во кој игра и Енис Барди, сезонава прими 50 гола во 23 меча.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.55)

 

6008 Салцбург – Баерн Минхен (21 ч.)

Баерн Минхен веќе 10 меча во низа игра со 3+, а дури седум од овие средби завршиле барем со четири погодоци. Оваа статистика треба да е најава за голеада во Австрија.

Минатата сезона овие две екипи играа во групната фаза од ЛШ, а Баерн двапати лесно победи, и тоа со 6:2 на гости, а дома со 3:1. Ако Манчестер сити синоќа го демолираше Спортинг, реално нешто слично може да му се случи сега и на Салцбург.

Предлог тип: 2&4+ (2.55)

 

6007 Интер – Ливерпул (21 ч.)

Еден од дерби-дуелите во оваа фаза од ЛШ. Интер треба да ја искористи предноста на домашен терен, но не треба да се заборави дека Ливерпул во 2022 година нема ниту еден пораз (седум победи и две нерешени).

Пред 12 години играа во нокаут-фаза од ЛШ, а Ливерпул двапати победи (1:0 во Милано и 2:0 на „Енфилд роуд“). Во едно вакво дерби секој момент може да е клучен, па не треба да се очекуваат многу голови. И синоќа на ПСЖ – Реал Мадрид се виде дека големите клубови играат многу претпазливо, иако сме научени да ги гледаме како даваат многу погодоци.

Предлог тип: 0-2 (2.22)

 

1014 Питерборо – Ридинг (20:45 ч.)

Дуел на двете екипи со најслаби одбрани во Чемпионшип (двата тима имаат примено по 60 погодоци, односно просек од два гола на меч). Според игрите, реално е двете да испаднат, иако Ридинг моментно е во сигурната зона за разлика од Питерборо.

Во последните 11 меча, Ридинг претрпе девет порази, а само двапати ремизираше. Тренерот Велјко Пауновиќ е под притисок ако не победи денеска, да добие отказ.

Според одбраната на двата тима, може да очекуваме погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.96)

 

1610 Генк – Мехелен (18:45 ч.)

Две екипи кои се борат за места кои водат во Европа во белгиското првенство. Генк е еден од подобрите тимови на свој терен со седум победи, три ремија и само три порази и гол-разлика од плус 12.

Традицијата вели дека Генк има одлична серија во дуелите со Мехелен и победил на последните 11 дуели на домашен терен со овој ривал.

Предлог тип: 1 (1.75) – Супер тип во Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести