Геометријата не му дозволи на Вернер да се радува на „Енфилд“, па Маунт ја исправи грешката (видео)

Челзи сосема заслужено поведе со 1-0 на гостувањето кај англискиот првак Ливерпул со одличниот гол на Мејсон Маунт во 42-рата минута, но Сините може да жалат што немаат двојна предност на „Енфилд“.

Избраниците на Томас Тухел беа поконткрени во првите половина час од средбата и успеаја да го најдат патот до мрежата на Алисон, меѓутоа ВАР-системот не му дозволи на Тимо Вернер да се радува на водечкиот гол.

Германецот беше побрз од одбраната на домаќините, како и од Алисон, па го погоди празниот гол во 25-тата минута, меѓутоа при додавањето од Жоржињо, Вернер влезе во милиметарски офсајд, по што голот се поништи.

- Оглас -

Најнови вести