23.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Георге Хаџи си даде отказ самиот на себеси

Романската фудбалска легенда, Георге Хаџи, одлучи да се повлече од функцијата тренер на Виторул од Констанца, клубот во кој Хаџи има улога и на сопственик. Хаџи шест сезони го водеше Виторул, клуб кој сезонава заврши на седмо место, далеку под очекувањата и амбициите кои ги имаа.

Затоа, газдата Хаџи „му даде отказ“ на тренерот Хаџи. Претседател на клубот е Георге Попеску, па тандемот Хаџи-Попеску сега ќе тргне во потрага по нов тренер. Хаџи останува во клубот како технички директор, а ќе ја води и академијата која го носи неговото име.

Хаџи кој има прекар „Марадона од Карпатите“, со романската селекција играше на три Светски првенство, играше и за Реал Мадрид и зз Барселона. Како тренер на Виторул, освои титула во 2017 година, а во 2019 ги зема Купот и суперкупот на Романија.

- Оглас -

Најнови вести