Георгиевски и Ќосевски остануваат верни на Вардар

Ракометниот тим Вардар информираше дека во своите редови за следната сезона ги задржува двете десни крила, капитенот Гоце Георгиевски и Ален Ќосевски. Двајцата  ги продолжија договорите, а од Вардар потенцираат дека се работи на формирање на екипа за следните сезони.

Освен задржување на постоечкиот кадар, од таборот на Црвено-црните откриваат дека работат и на ангажирање на засилувања со кои Вардар и следните сезони ќе атакува на висок пласман во домашното првенство и во европските купови.

Искусниот Георгиевски од 2020 година е во Вардар, откако претходно настапуваше за ЧСМ Букурешт, Феникс Тулуз и Металург. Во 2023 година ја заврши репрезентативната кариера и оттогаш целосно е посветен на работата во „црвено-црниот“ табор. Со клубот има освоено две титули и три Куп-титули и еден Супер куп.

Ќосевски е дете на Вардар, а претходно настапуваше за екипата на Вардар јуниор и за Работнички, во сезоната 2020/21, кога сите млади играчи од Вардар беа дел од тој клуб. Со екипата има освоено два Куп-титули, еден Супер куп и еднаш бил првак на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести