Кристијано Роналдо изненади многумина со потписот за Ал-Наср во 2022-рата година, кога го напушти Манчестер јунајтед после конфликтот со Ерик тен Хаг. Сепак, неговата парнерка, Георгина, била задоволна од овој трансфер, а тоа го открива во документарецот кој е снимен за Нетфликс, „Јас сум Георгина“.
„Кога ми кажа Кристијано дека ќе игра за Ал-Наср, ми олесна. Затоа што навистина сакав да си одам од Манчестер. Знаев дека ова ќе биде нешто големо за нашата иднина. Бевме возбудени пред заминувањето во Саудиска Арабија. Добро е што живееме блиску до училиштето на нашите деца. Во Италија бевме далеку, сега го живеам мојот сон.“ – рече Георгина во документарецот.
I dreamed of this, and I have more dreams. Thank you all! pic.twitter.com/2SS3ZoG2Gl
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) September 5, 2024