Видеото на Лионел Меси во кое неговата сопруга Антонела танцува стана хит во светот, а на добар пат да ги следи нивните чекори е потегот на Георгина Родригес, партнерката на Кристијано Роналдо, која им приреди изненадување на фудбалерот и децата.
Георгина на Роналдо за Божиќ му купи „Ролс Ројс“ кабриолет вреден 428.000 долари, а децата си добија нови велосипеди.
Роналдо, кој беше пријатно изненаден, веднаш ѝ се заблагодари на неговата сакана и преку социјалните мрежи.
Еве ја објавата на Георгина и целата приказна околу подароците: