Минатото лето Атлетико Мадрид се спомнуваше како можен нов клуб на Кристијано Роналдо, но на крај тој уште неколку месеци остана во Манчестер јунајтед.
Партнерката на Кристијано, Георгина Родригес, гостуваше во емисија на една шпанска телевизија и ја кажа вистината околу евентуалната преселба на Кристијано кај Јорганџиите, на кои им даде многу голови во времето кога играше за Реал Мадрид.
„Таа опција во ниту еден момент не беше во главата на Кристијано“, вели Георгина.
Кога се појавија шпекулациите дека Атлетико е заинтересиран, фанови на овој клуб протестираа и истакнаа банер дека Роналдо не е добредојден. Роналдо на таа фотографија со банер одговори преку социјалните мрежи со емотикон „смеење со солзи“.