Георгина Родригес беше една од главните фаци на модниот викенд во Париз, каде носеше лунсузни модели на модниот бренд „Vetements“. Покрај Георгина на модната писта беше и Јелена Карлеуша, а токму овие две во еден момент се најдоа во центарот на вниманието и тоа секако поради Кристијано Роналдо.
На социјалните мрежи се појави снимка на која Георгина во еден момент ѝ објаснува на Карлеуша околу тоа кога Кристијано Роналдо планира да ја заврши кариерата.
„Кристијано уште една година и готово е. Можеби две, не знам“, ѝ вели Георгина на Карлеуша.
Роналдо повеќе од 20 години е во светскиот фудбалски врв, а веќе една година е дел од тимот на Ал Наср во Саудиска Арабија.
https://twitter.com/i/status/1764070469962002594