Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригес, најави дека веќе нема да му купува автомобили на својот сакан како роденденски подарок.
Георгина досега трипати му подаруваше на Роналдо луксузни возила, и смета дека е доста. Ова е лоша вест за ненаситниот фудбалер кој ужива во богатата колекција на скапи автомобили.
„Нема повеќе да му подарувам автомобили. Веќе не е оригинално“ – рече Георгина.
Еден од гостите во студиото при интервјуто, се пошегува со предлог дека сега можеби треба да му купи на Роналдо една бензинска пумпа.