22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Георгина веќе нема да му подарува автомобили на Кристијано Роналдо

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригес, најави дека веќе нема да му купува автомобили на својот сакан како роденденски подарок.

Георгина досега трипати му подаруваше на Роналдо луксузни возила, и смета дека е доста. Ова е лоша вест за ненаситниот фудбалер кој ужива во богатата колекција на скапи автомобили.

„Нема повеќе да му подарувам автомобили. Веќе не е оригинално“ – рече Георгина.

Еден од гостите во студиото при интервјуто, се пошегува со предлог дека сега можеби треба да му купи на Роналдо една бензинска пумпа.

- Оглас -

Најнови вести