Иднината на Герет Бејл останува уште понеизвесна откако дефинитивно пропадна опцијата да замине во Кина, бидејќи во тамошната лига преодниот рок штотуку заврши, во 18 часот по средноевропско време, а Велшанецот не потпиша договор со Џијансу Сунин, со кого беше во сериозни преговори.
Сега на Бејл му остануваат три варијанти.
Првата е да остане член на Реал Мадрид, но да не игра, туку да гледа од трибините или клупата за резерви и да зема плата. Втората е да се пресели во клуб од Премиер лигата, но тој трансфер би морало да се реализира најдоцна до 18 часот на 8 август бидејќи тогаш завршува преодниот рок на британскиот остров. Ако пропадне и тоа, тогаш останува третата опција, а тоа е да оди во некој друг европски клуб до 31 август.