Герет Бејл ја има најскапата минута во историјата на фудбалот

Герет Бејл полека оди во заборав. Фудбалерот кој освои четири титули во Лигата на шампионитe со Реал Мадрид, уште е дел од Кралскиот клуб, но многу ретко може да го видиме на теренот.

Велшанецот минатата сезона ја помина во Тотенхем како позајмен играч, но лондонскиот клуб не беше многу задоволен, па реши да го врати во Реал Мадрид.

Сезонава Бејл одигра само три меча, а последен пат на теренот беше пред 130 денa. Карло Анчелоти воопшто не смета на Бејл во следниот период, но мора да го има во клубот. Тоа што Реал најмногу го мачи е платата која мора да му ја плаќа на Бејл.

Според договорот, Бејл заработува 17 милиони евра годишно, па ако се знае колку време играше оваа сезона, се доаѓа до неверојатна бројка дека секоја минута што Бејл ја поминал на теренот, вреди дури 85.000 евра.

Иако знае дека нема да игра во Реал, Бејл никако не сака да се откаже од астрономската плата што ја заработува, па тој е решен да го одработи целиот договор и по цена на тоа воопшто да не заигра уште еднаш во дресот на Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести