Герет Бејл „невидлив“ и кога игра за Велс

Герет Бејл во победата на Велс против Финска од 1-0 играше само 45 минути, а според тоа како „играше“, и тоа му е многу. Крилото на Реал Мадрид е далеку од некогашната форма и изгледа дека навистина голфот во последно време му е поважен од фудбалот. Тој не тренира со потребниот интензитет, ретко игра, од февруари наваму само четири меча и 160 минути, но зема огромна плата.

На дуелот со Финска, Бејл имаше катастрофална статистика. Не даде гол, немаше асистенција, ниту клучно додавање, немаше продори, немаше долги топки, немаше удари во рамките на голот. За 45 минути имаше само 9 успешни додавања и 10 загубени топки.

- Оглас -

Најнови вести