Пред неколку дена и официјално заврши ерата на Лука Модриќ во Реал Мадрид. За повеќе од 12 години поминати на „Сантијаго Бернабеу“, Модриќ стана најтрофејниот фудбалер во историјата на клубот. Сега, кариерата ќе ја продолжи во Милан.
Еден од оние кои многу добро го познава Модриќ и долго време беа соиграчи е Герет Вејл. Велшанецот и Хрватот заедно играа прво во Тотенхем, а потоа и во Реал Мадрид. Бејл веќе е пензиониран, но го следи светскиот фудбал и даде свое мислење зошто Модриќ не доби нов договор во Реал, иако Хрватот јавно кажуваше дека сака кариерата да ја заврши во Кралскиот клуб.
„Мислам дека Модриќ можеше да продолжи да игра во Реал, но Реал сака да потпишува со млади фудбалери и да продолжи понатаму. Ако Модриќ останеше, тој ќе имаше загарантирано место во тимот. За Модриќ секогаш велам дека е како добро вино, колку е постар, тој е подобар“, рече Бејл.
Модриќ во август ќе наполни 40 години, но тоа не му е препрека да продолжи на врвно ниво. Предизвик за Лука сега ќе биде настапот во италијанската Серија А.